1 минута по полноќ се роди и првото бебе во 2018 година

Првото бебе родено во 2018 година во Скопје го здогледало светот во точно 1 минута по полноќ, извести Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје.

Станува збор за девојче тешко 3,7 килограми, долго 49 сантиметри, кое е родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар.

Среќната мајка е Борјана Радевска од Скопје, на која ова и е второ дете.

Translate »