Серија од четири земјотреси се почувствуваа во југоисточна Македонија во периодот од 23 до 24 часот синоќа. Епицентарот на земјотресите е во соседна Грција 15 до 20 километри од Дојран во областа на Кукуш.

Првиот земјотрес е почувствуван во 23 и 13 со јачина од 4 степени по Рихтер кој најмногу го почуствуваа жителите на Гевгелија, Дојран, Богданци и Струмица.

Во следните шест минути беа почувствувани уште два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,2 степени. Последниот земјотрес со епицентар во Кукуш е почувствуван во 24 часот со јачина од 3,6 степени.