“Оган и бес ” и реткото селфи на Меланија Трамп

loading...

Редици се редат  пред книжарниците во Вашингтон за новата книга “Оган и бес” посветена на Доналд Трамп.  Интимните детали, бракот, руско-американските врски, семејниот живот,  односот со бившите сопруги и бизнис партнери, речиси се е обелоденето во книгата на новинарот Мајкл Волф, а главниот извор е Стив Банон, поранешниот советник на Трамп.

Се продава како алва” Оган и бес”

Книгата открива дека Меланија Трамп буквално липала кога дознала дека нејзиниот сопруг станал претстедател на САД. Но, не од среќа туку од мака. Еве делови од книгата:

Меланија Трамп емотивна поради сопругот кој станал престедател на САД

 

” Доналд и Меланија речиси никогаш не беа заедно, пред тој да стане престедател. Таа, многу често,  не ни знаеше каде се наоѓа Трамп. Со денови не комуницираа, а таа целосно беше посветена на синот. Не ја интересираше ниту тој ниту неговиот бизнис, туку само Барон (синот). Тој ја викаше “мојата трофеј жена”, а таа се појавуваше со него само на јавни настапи. ”

 

Среќни свадбени денови

 

“Фактот дека Трамп станал престедател на САД, кај неа разбуди страв дека тоа значи крај на нејзиниот дискретен и повлечен начин на  живот, посветен на воспитување на нивниот син.”

 

Ретко селфи на Меланија

 

Трамп веднаш ја нападнал книгата, како куп лаги и невистини, напишани од шарлатан.
Translate »