Починал врз љубовницата, срцето не издржало!

 55-годишниот Р.С. починал во својот автомобил на локалниот пат во близина на градот Прњавор, како последица од инфаркт  кој го доживеал додека бил во прегратката на две години помладата љубовница Д.Л. Таа го пријавила шокантниот случај, пишуваат босанските весници. Починатиот имал сопруга и две деца, а жената со која бил, била вдовица.  Таа доживеала шок, во обид да му помогне на љубовникот.
“Кутрата жена , мислела дека тој е во љубовна агонија и затоа офка, а ја сфатила ситуацијата дури откако тој престанал да мрда, велат  болнички извори.
Починатиот маж, порано активно се занимавал со политика, пренесуваат медиумите. Не е потврдено дали тој пред сексот имал земено  стимулативни средства, но познато е дека имал срцеви проблеми.
Во овој дел од Босна, во последно време,  се регистрирани повеќе вакви случаи.  Неодамна,  сличен инцидент се случил во Дервента, каде  жената  веднаш избегала од автомобилот, а својот мртов и гол љубовник го оставила во колата.  Неговото тело, утредента, на пазарен ден,  го нашле шокираните пазарџии.
Во уште еден случај, жена од Модрич повикала Брза помош и полиција кога сфатила дека нејзиниот љубовник починал за време на сексуалниот чин. Пред истражните органи потврдила дека тој пред сексот испил вијагра, но не знела дека претходно испил уште една,  поради што и починал, пренесуваат босанските медиуми.

Мојата девојка е трудна, а јас се заљубив во колешката-битолски непребол

Мојата девојка е трудна, а јас се заљубив во колешката-битолски непребол

Translate »