Печен ослич за Бадник

Ослич на трпезата за Бадник е одличен избор, а рецептов е веќе проверен од многу домаќинки.

  • 500 грама ослич филети
  • 5 моркови
  • 3 тиквици (доколку имате)
  • маслиново масло (половина шоља за кафе)
  • магдонос (една полна дланка)
  • 2 чешниња лук ( може и повеќе од две)
  • сол,
  • вегета
  • црн бибер
  • 3 ловорови листа

Подготовка:

Во една шоља измешајте го исечканиот лук, магдонос и маслоновото масло и наросете црн бибер.
Исечкајте ги морковите и тиквиците на тенки кругови. Посолете ги и ставете ги во тава за печење. Врз нив ставете ги филетите од ослич , кои предходно ќе ги зачините со малку сол или вегета. Посипете со 150 милилитри вода.
Филетите премачкајте ги со предходно направената смеса од лук, магдонос и малиново масло.

Печен ослиќ
Покријте го садот за печење со фолија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени,  половина час.

Отворете ја фолијата доколку сакате филетите да бидат покрцкави и печете уште 15 минути.