Писмото на оваа девојка сите мораме да го прочитаме- Имам 27 години , го сакам животот, не сакам да заминам од овој свет!

loading...

27-годишната Холи Бучер почина од рак на коските, а  нејзиното семејство го објави нејзиното проштално писмо на Фејсбук,  само неколку часа по нејзината смрт.

“Чудно е да ја прифатите својата смрт на 26 години. Тоа е една од оние работи кои се игнорираат. Деновите си  минуваат  и вие очекувате дека тоа никогаш нема да престане, се додека не се случи неочекуваното . Секогаш замислував како стареам  со многу брчки и  бела коса, опкружена со  прекрасно семејство (многу деца) , кое сакав да го  изградам  со љубовта на мојот живот.

Таков е  животот, кревок, скапоцен, непредвидлив, и секој ден е подарок. Сега имам 27 години. Не сакам да заминам. Го сакам животот. Среќна  сум. Им го должам тоа на моите најблиски. Но,  јас немам контрола врз работите.  Не ја пишувам поракава, со цел смртта да ја направам пострашна – ми се допаѓам фактот дека, генерално, ја игнорираме нејзината неизбежност. Јас само сакам луѓето да престанат да се грижат за секој безначаен стрес во својот живот и да сфатат дека сите ја имаме истата судбина. Направете се за да биде вашето време вредно, без срањата што ве опкружуваат.

Кога се жалите на глупости, сетете се  дека некој се  соочува со  вистински проблем. Бидете благодарни за вашиот мал проблем, соочете се со него. Во ред е ако ви пречи нешто што иритира,  но не дозволувајте тоа  да го носите со вас и  негативно да влијаете на другите.

Излегувајте, видете колку е  сино небото  и колку  дрвјата се зелени. Тоа е толку убаво. Размислете колку сте среќни да дишете. Можеби сте во  гужва денес, можеби сте спиеле лошо, можеби вашиот фризер ви ја упропастил косата  … Можеби имате целулит, можеби вашиот стомак е голем и можеби вашите гради се мали. Оставете,  сето тоа е глупост. Се колнам дека на ништо од ова нема да мислите кога ќе дојде вашиот ред!

Гледам дека моето тело исчезнува пред  моите очи и не можам да сторам ништо за да го спречам тоа. Се што сакам е уште еден Божиќ или роденден со своето семејство, само уште еден ден со мојот  партнер или моето куче. Само уште еден.

Ги слушам луѓето, кои се жалат поради  напорната работа. Бидете благодарни што сте физички способни.  Можеби сега ви се чини дека физичките вежби и  работата која ја работите се тривијални… но, ако вашето тело почне да откажува тогаш тие мали работи ќе ви станат важни.

Почитувајте го вашето здравје и тело, дури и ако тоа не е според вашите идеали кои сте си ги замислиле. Грижете се за него, но немојте да бидете опседнати со него. Запомнете дека има повеќе аспекти на здравјето отколку само физичките. Работете подеднакво за наоѓање на вашата емоционална, ментална и духовна среќа. Тогаш ќе сфатите  колку  е глупаво и неважно да имате совршеното тело, кое медиумите ни го наметнуваат.  Избришете ги сите од животот поради кои имате негативно мислење за себе, па дури и тие да ви се пријатели …

Помагајте си едни на други!

Давајте, давајте, давајте. Вистина е дека поголема среќа е да се прават работи за другите, а не само за себе. Би сакала тоа да го правев повеќе. Откако се разболев, се сретнав со неверојатни луѓе,  кои ми ги подарија  најубавите зборови и ми дадоа  поддршка. Повеќе отколку што можев јас  да дадам за возврат. Никогаш нема да го заборавам тоа, и секогаш ќе им бидам благодарна.

Чудно е да имаш пари на крајот кога ќе умреш. Ништо не ви значи материјалното , како на пример да купите нов фустан. Затоа сфаќате колку е глупаво да трошите толку многу пари на облека и други предмети. Купете и  на својата пријателка  нешто ново на што ќе се сеќава, наместо нов фустан.

Почитувајте го времето на другите луѓе. Подгответе се однапред. Користете ги вашите пари за нови искуства. Барем не ги пропуштајте, ако сè  сте потрошиле на материјалните  срања. Уживајте во природата. Уживајте во моментите, наместо да ги ловите со вашиот телефон. Не е најважно во животот да се е направи добра слика, туку да уживате во моментот, луѓе!

Понекогаш станувајте рано и слушајте ги  птиците додека ги гледате прекрасните бои што го создава изгрејсонцето. Слушајте музика, навистина слушајте, тоа е најдобрата терапија. Гушнете го вашето куче. Разговарајте со вашите пријатели, заборавете го телефонот, дали се е добро?  Патувајте ако тоа е вашата желба, не патувајте ако не е. Работете за да  живеете, немојте да  живеете за да работите. Направете го она што го прави вашето срце среќно. Јадете торта без вина. Отфрлете сè што не  сакате. Не  се чувствувајте под притисок  за да ги постигнете очекувањата и желбите на другите луѓе. Ако сакате да живеете “обичен живот”, тоа е во ред. Кажете им на своите најблиски дека ги сакате секогаш кога имате можност.

Исто така, запомнете, ако нешто ве прави несреќни  , имате моќ да го промените тоа  – во работата, во љубовта или во било што друго. Имајте храброст да правите промени. Не знаете колку време имате на овој  свет и не го трошите , чувствувајќи се  несреќни. Знам дека тоа стопати сте го слушнале , но навистина е точно.

Во секој случај, ова се совети  од еден млад човек. Ако сакате послушајте ги, ако не, и тоа е во ред.

И уште една работа. Ако можете, правете добри дела  за човештвото и редовно дарувајте крв. Ќе се чувствувате подобро  , ќе имате и дополнителен бонус дека сте  спасиле друг живот.  Една донација може да спаси три животи. Тоа е огромна помош која може да ја даде секој поединец, а процесот е едноставен. Донацијата на  крв ми помогна да останам жива уште една година, една  цела година за која секогаш ќе бидам благодарна,  што можев  да  ја поминам на Земјата со моето семејство, пријатели и кучиња. Година во која поминав некои од најубавите моменти од мојот живот .

 

Translate »