Свршеникот на Париc Хилтон бил бездомник

loading...

Веридбата на Парис Хилтон со Крис Зилка,  последниве неколку дена е во центарот на вниманието на светските медиуми. За да го задоволат љубопитството на јавноста, тие открија детали за ова момче, кое во во еден дел од животот било и бездомник.

Крис Зилка има 32 години. Тој е американски модел и актер со украинско потекло. Учел на Универзитетот во Толедо, но го напуштил и се преселил во Калифорнија за да стане актер. Во едно интервју во 2012 година рекол дека бил бездомник сè додека неговиот менаџер не го открил додека работел во еден ресторан.

Глумел во многу серии, меѓу кои и „Хана Монтана“, „Кугар таун“ и „Лефтоуверс“. Пред врската со Парис се гледал со актерката Луси Хејл, а по неа се верил со моделот и дизајнерка Хана Бет Мерос. Свршувачката ја раскинал тој зашто дознал дека го изневерила.

Со Парис се во врска скоро две години. Нејзиното име го истетовирал на раката само неколку месеци откако почнале да се гледаат. Многумина ги изненади огромниот свршенички прстен. Тој е вреден 2 милиони долари и украсен е со 20-каратен дијамант во форма на солза. Богатството на Крис, пак, се проценува на 1 милион долари.

Крис ја побарал Парис за жена на зимување во Аспен. Пред да ја запроси, добил дозвола од нејзиниот татко.

Translate »