Мечки “изеле” над 3 милиони евра од Буџетот

Македонските судови донеле околу 700 пресуди последниве 5 години, со кои ја задолжиле Република Македонија да плати над 3 милиони евра, штета направена од мечки пишува порталот “Призма”.

Мечките јаделе: пчели, мед, цреши, крави, овци, уништиле земјоделски производи. Бидејќи се животни под трајна заштита на државата и не смеат да се ловат, за секоја штета што тие ќе ја направат, одговара Република Македонија.

Истражувањето на БИРН покажа дека само последниве 5 години, од 2013 до 2017 година, со тужби за отштета поднесени од граѓани мечките „изеле“ над 3 милиони евра од Буџетот, а таа сума секоја година се зголемува.

Само на подрачјето на Битола, последниве 5 години биле поднесени речиси 500 тужби. Битола е рекордер и по штетата која треба да се исплати од државниот буџет. Штетата со сите трошоци на постапката ќе надмине над 1,6 милиони евра, доколку државата во најидеални услови ја плати на време и доброволно, без пресметана камата и трошоци за присилно извршување.

http://prizma.mk/mechkite-tuzheni-drzhavata-plaka/

Translate »