Даниел Шегмановиќ:Кој пробал “Еуцерин” никогаш не се откажал од таа козметика

Даниел Шегмановиќ е менаџер за продажба на “Еуцерин” во Македонија.

  1. Еуцерин веќе со децении важи за бренд кој нуди висококвалитетна медицинска козметика. На што се должи долгогодишната доверба која ја има стекнато кај потрошувачите?

Довербата кон медицинската козметика Еуцерин се должи пред се на високиот квалитет на производите, одличната подносливост на кожата и пред се видливите резултати.

 

  1. Eucerin производите се наменети за различни категории, кажете ни нешто повеќе?

Имаме производи од колекцијата Dermo Pure кои се наменети за проблематичната кожа склона кон акни, производи од pH5 колекцијата за хидратација и за нега на чуствителна кожа, Еуцерин Urea и Omega и ја користат луѓе кои имаа сува и многу сува кожа. Покрај горе споменатите има колекција за заштита од сонце, Anti age и сребрена линија наменета за нега на машка кожа.

Сите производи континуирано се подобруваат.  Така на пример подобрената формула на целата серија Eucerin®DermoPure сега е уште поефикасна и се предлага во различни форми. Вклучени се високоиновативни комбинации од состојки како салицилна киселина, ликохалкон и карнитин кои ефикасно ги отстрануваат неправилностите на кожата и ја спречуваат појавата на нови акни.

 

  1. Често патуваш и посетуваш аптеки, дерматолози и експерти од различни градови, со цел да дадеш стручно мислење за квалитетот на производот. Дали за секој производ се практикува овој процес?

Мојата стратегија при посетите е да се даде стручно мислење на право место и во вистинско време, и е ориентирана на три клучни групи: корисници, фармацевти и дерматолози. Она што е најважно е воспоставување на пријателски однос со соработниците, кој базира на отвореност и искреност, што во пракса и дава најдобри резултати.

Во одреден период на годината имаме различен фокус на презентирање на производите. Сега е прилично ладно па нашиот фокус не е само на еден производ тука на целата сина линија, која е наменета за нега на сува и многу сува кожа.

Летниот период нашиот фокус ќе биде на производите за заштита од сонце.

 

  1. Кој производ од палетата на Eucerin би го препорачал за третман на детската кожа во овие студени денови?

Детската кожа е многу потенка и понежна од таа на возрасните, и токму затоа има потреба од посебна нега. Производите од црвената линија – pH5, лосион за тело, крем за лице и крема за раце се идеални за децата. Со овие производи ќе се овозможи подолготрајна хидратацијата на нивната кожа, ќе се подобри еластичноста на истата, а секако се обезбедува заштита особено во овие исклучително студени денови.

  1. Каква козметика користи Даниел Шегмановиќ?

Eucerin колекцијата за мажи. Мислам дека кој ја пробал не се откажува од неа, о особено оние кои имаат проблеми со иритации, црвенило или јадеж на кожата.