Го убила осуммесечниот син бидејќи свекорот и ја силувал ќеркичката

38- годишна мајка, со српско потекло,  го убила својот  осуммесечен син Теодор, а потоа самата си ги пресекла  вените ,во австријската болница Донаушпитал , пренесуваат медиумите во Австрија и Србија.

Мотивот за овој ужасен злочин, кој се случил на 3-ти јануари, било монструозното сознание дека дедото ја силувал нејзината четиригодишна ќерка.

– Сè било откриено кога  мајката со нејзините две деца била  примена во виенската болница бидејќи Теодор лошо се чувствувал – пишува виенскиот печат.

Лекарите се посомневале дека и со девојчето нешто не е во ред. По прегледот се покажало дека тоа било сексуално злоставувано.

Полицијата дедото го  уапсила во понеделник,  под сомнение дека ја силувал  4-годишната внука.

Извори блиски до истрагата тврдат дека свекорот, инаку  пензиониран висок службеник во министерство, имал сексуални односи со девојчето за време на божиќните празници.

-Кога жената разбрала што се случило и се срушил светот. Во момент на нервно растројство го задушила синот со перница во болничката соба и избегала. Медицинската сестра ја пронашла со пресечени вени. Спасена е,  се наоѓа на психијатрија и е вон животна опасност, велат болнички извори.