Лакталис ја повлече заразената бебешка храна

loading...

Околу 40 деца се заразени со салмонела од бебешка храна во Франција и Шпанија. Една од најголемите европски  компании за млечни производи  повлече тони  на храната за бебиња  од пазарот, пренесуваат медиумите.

Истрагата покажа дека инфекцијата доаѓа од фабриката на компанијата  во градот  Лавал, во  северозападниот дел на Франција. Фабриката е затворена со одлука на владата.

Околу 12 милиони кутии со детска храна се повлечени од пазаро,  а 250 работници од  фабриката се на присилно отсуство.

Компанијата Лакталис  продава бебешка храна ширум светот и нејзините производи се дистрибуираат во најголемите трговски синџири.

Салмонелата е опасна по  животот кога се работи  за мали деца.

“Фабриката останува затворена, додека” Лакталис “не докаже дека производството е безбедно. Во моменто се направат проверки дали има траги од бактеријата”, соопшти министерот за земјоделство на Франција Стефан Травер.

Спорниот производ на француската компанија Лакталис, е повлечен од 83 земји.

Ова јавно го потврди и  претседателот и извршен директор Емануел Бение во интервју за француските медиуми.

Тој вети дека ќе ги компензира сите семејства погодени од салмонела. .

 

Translate »