Истражување: Децата кои јадат риба покажуваат повисок коефициент на интелегенција

loading...

Децата кои јадат риба барем еднаш неделно спијат подобро и забележуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција од оние кои не јадат, заклучија истражувачите од Универзитетот од Пенсилванија.

Децата кои јадат риба остваруваат резултати повисоки за четири бода во просек на тестовите за интелигенција.

Во истражувањето во кое учествуваа 541 дете заклучено е дека децата кои јадат риба барем еднаш неделно имаат подобри резултати на тестовите на интелигенција од децата кои не јадат редовно или кои воопшто не јадат риба.

Оние деца кои понекогаш консумираат риба постигнале резултати за 3 бода подобри во просек од оние кои никогаш не консумираат риба.

Покрај тоа, истражувачите открија дека зголемената количина на риба во исхраната влијае и на квалитетот на сон, и ги отстранува пореметувањата на сонот.

Експертите тврдат дека постојат многу докази дека рибата е добра за здравјето, па затоа советуваат дека треба повеќе да се зборува за бенефитите кои таа ги причинува. Исто така, родителите сметаат дека децата треба порано да се запознаат со рибата, околу втората година од животот.

Translate »