Ферид Мухиќ гласаше воздржано за договорот со Бугарија

Пратеникот Ферид Мухииќ, беше единствениот кој гласаше воздржано за Ратификацијата на Договорот со Бугарија. Пратениците од опозицијата не присуствуваа на седницата во собрание.

Според него договорот не нуди реципроцитет, македонската страна прави повеќе отстапки.

– Вообичаено е договорите за доброседство и пријателство да бидат правени врз принципи на реципроцитет и симетричност. Мора да кажеме дека овој договор не е граден врз основа на приницпите за реципроцитет и не е сосема симетричен. Има клучни точки во кои тој отстапува од овој модел. Многу значајно е да се нагласи дека македонската страна прават напори и отстапки кои не се вообичаени. Со тоа ја нагласуваат својата добра волја. Сите овие афирмативни елелмнти се знаајни но треба и да се види дека она што се добива со овој договор има и своја цена. Таа цена е вредноста на македонскиот гест. Гестот на македонската влада е благороден и крупен гест, рече Мухиќ.

Собранието го изгласа предлог законот за ратификација на Договорот за пријателство и добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија со 61 глас „ЗА“. Опозицијата не присуствуваше на седницата.

Translate »