Почина пеачката на Кранберис

На 46 години ненадејно во Лондон почина ирската пејачка Долорес О Рајден.

Веста за смртта на главниот вокал на Кранберис е потврдена од нејзиниот портпарол. Не е објавена причината за нејзината смрт.

Според информацијата која ја пренесе Гардијан, веста ги шокирала и нејзините блиски и нејзините фанови. Семејството побара разбирање од обожавателите и медиумите во овој исклучително тежок момент. Телото на пејачката е пронајдено во хотел во Лондон.