Харадинај-Ситуацијата на Косово е стабилна

Премиерот на Косово го осуди убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ.

Харадинај, по состанокот на Националниот совет за безбедност, предупреди  ова злосторство да не се користи во политички цели. Според него, постојат такви тенденции.

Според Харадинај , ова е изолиран случај, а  ситуацијата на Косово е стабилна.

„Тоа не значи дека не постои ризик од можни терористички напади“, рекол тој.

Директорот на полицијата на Косово, Шпенд Маџуни, рекол дека е формирана специјална единица за истрага на убиството.

Обдукцијата покажа дека Ивановиќ бил застрелан со шест куршуми од пиштол М70А, познат како „долга деветка“.

Translate »