Северна Кореја ја нападна Јапонија

Северна Кореја во понеделникот вечерта,а во вторникот наутро, по локално време, започна со балистички проектили во правец на северниот дел на Јапонија, јави јапонската јавна телевизија NHK. – Луѓето во северниот дел на Јапонија треба да бидат на стража против евентуални ракетни напади, според јапонската влада, која издаде предупредување кое се прочита во телевизиската програма каде NHK  ја прекина програмата. Во предупредувањето до граѓаните се даваа инструкции граѓаните да се кријат во засолништа. Неколку минути по првото предупредување дојде информацијата дека ракетата минала низ северна Јапонија- остров0т Хокаидо, и продолжила  понатаму кон исток. Очигледно дека слетала некаде во морето, но не знаат точно каде. – Северна Кореја истрела непознат проектил, објави во меѓувреме, заедничкиот штаб на армијата на Јужна Кореја. Вашингтон пост забележува дека последен пат севернокорејски проектили преку јапонскиот воздушен простор имало пролетта во 1998 година, но овој пат тоа се случи во време кога двете земји имаат затегнати односи во регионот како резултат на нуклеарните активности на режимот на Ким Јонг Ун. Видливо лут јапонскиот премиер Шинзо Абе, набргу по инцидентот, рече дека ќе стори сé за да ги заштити јапонските граѓани.

Извор.Јутарни.хр


Translate »