Во драматична бркотница со полицијата се самоуби момчето на македонската студентка која исчезна во САД

Ужасен насатан се случи по исчезнувањето на младата девојка од Македонија. Во драматична бркотница со полицијата се самоуби момчето на исчезната македонска студентка по актерство Адеа Шабани во Лос Анџелес. Американските медиуми ја пренесуваат веста дека Кристофер Споц (33) си го одзел животот со неколку куршуми, откако не успеал да и избега на полицијата во Калифорнија.

Споц е исто така актер и бил во врска со Шабани, а се запознале во актерското училиште. Локалната полиција вели дека Споц, кој бегал од полицијата во украдено возило, си пукал во главата пред да биде запрен.

Властите од Лос Анџелес за „Ен-Би-Си“ велат дека возилото можеби било искористено при убиство. Полицијата продолжува да трага по телото на Шабани по нејзиното мистериозно исчезнување. Мајката на младата актерка, кој пристигна во САД по исчезнување, ангажирала приватен детектив да помогне во потрагата.

Translate »