Чистачката Христина со метла им се спротивстави на убијците кои избегаа од затвор

Радослав Ангелов Колев, осуден на 26 години за убиство и Владимир Пелов Стефанов, осуден на 30 години за грабеж и обид  за убиство,   избегале од затворот во Софија среде бел ден. Двајцата биле вооружени само  со нож и пиштол, но никој од стражарите не се ни обидел да ги запре. Единствена која храбро им се спротивставила  била чистачката Христина Александрова.

Избеганите криминалци, опасни и вооружени

“Почнаа да пукаат. Кога тргнаа да бегаат, и јас се затрчав по нив. Им свикав да не пукаат во луѓето, мислев дека некој ќе реагира. Ми беше многу  страв!”, раскажа  затворската хигиеничарка за телевизија Нова.

Затвореници се уште се во бегство, а полицијата ги предупреди   граѓаните да не им се приближуваат затоа што се вооружени и опасни . За нив се распишани и потерници, a се верува дека тие се избегани во Грција.

На социјалните мрежи чистачката е прогласена за ” маж на годината”, а на твитер има безброј шеги на сметка на бегството од затворот.

 

Translate »