Го осудија на 30 години зошто ја избодел бремената девојка 88 пати

Срамота, осудивте дете од Босна, си одам од тука”, викал таткото на Комшиќ, откако ја слушнал пресудата. Давид Комшиќ мирно ја слушал објавата на пресудата и нејзиното образложение. Сестрите на Давид останале во судницата и плачеле додека ја слушале пресудата.

Давид Комшиќ, кој 88 пати ја избодел со нож својата бремена девојка Кристина Крупљан, е осуден за тешко убиство од одмазда на 30 години затвор. Неговиот татко, Иво Комшиќ, бурно реагирал во судницата, која ја напуштил со својата сопруга Оливера, туркајќи полицаец.

удијата Сања Мазалин пресудила повеќедецениска робија на 20-годишниот Давид Комшиќ, обвинет дека на 22. февруари минатата година во Загреб ја убил својата поранешна девојка Кристина Крупљан, задавајќи и вкупно 88 убодни рани во нејзината Опел Астра, откако таа му кажала дека раскинува со него, пишува “Jutarnji List”.

“Била соочена со извесен смртен резултат, страв, што на ова убиство му дава облежје на тешко убиство. Таа суровост мора да биде над просечниот интензитет. Во овој случај таа суровост е остварена. Доколку Кристина умрела веднаш, тоа би било означено како обично убиство. Но, таа нејзина свесност додека 88 пати ја кревал раката и ја бодел, го прави убиството посебно сурово. Не е спорно дека Давид знаел дека Кристина е во друга врска и дека е бремена”, рекла судијката.

“Нема докази дека тој ден Комшиќ планирано се нашол со Кристина и дека планирал да ја убие. Тоа не е докажано со ништо во завршниот збор. Неговото самоиницијативно пријавување во полиција, не укажува на тоа дека го планирал убиството. Се укажува на тоа дека се работи за ситуациско убиство, а не за убиство од одмазда”, рекла неговата одбрана.

Судењето на Давид Комшиќ почнало на 1. февруари и завршило во рок од два месеци.

Translate »