Повторно напад во Сирија-Борбени авиони нападнале иранска база во Сирија

Според непотврдени информации непознати борбени авиони ја бомбардирале иранската воена база во Сирија. Според очевидци, во базата одекнале повеќекратни експлозии.

Мета на воздушниот напад била базата Џабал Азан во Јужно Алепо, најголемиот воен објект на Иран во Сирија.

Според непроверени извештаи, авионите биле израелски, објави Џерусалем пост.

Наводиот воздушен напад доаѓа по нападот во кој Британија, Франција и САД бомбардираа три објекти за хемиско оружје низ Сирија. Израел е обвинет дека ја нападнал сириската база во почетокот на неделата, но тоа не е официјално потврдено. Лидерот на либанската екстремистичка организација Хезболах шеикот хасан Насралах оцени дека израелскиот воздушен напад на воздухопловната база во централна Сирија во која се убиени седум Иранци е „историска грешка“.

News_Executive@News_Executive

BREAKING: Reports in the ground in Syria claim an Iran’ian military base in Jabal Azzan, South of Aleppo, , has been targeted by unidentified aircraft resulting in massive damage and casualties, there is no independent confirmation yet.

Тој рече дека тој напад ноќта меѓу неделата и понеделникот на базата Т4 е вовед во нова фаза која го става Израел во состојба на „директна конфронтација“ со Иран.

Translate »