Мило Ѓукановиќ е новиот претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ  победи на престедателските избори во Црна Гора со освоени 54 проценти од гласвите. Неговиот противкандидат Младен Бојаниќ освои 33,5 отсто  од гласовите.

 Според Центарот за демократска транзиција правото на глас го искористиле 64 отсто од запишаните гласачи.

На изборите учествуваа: Марко Милачиќ, Младен Бојаниќ, Хазбија Калач, Василије Миличковиќ, Добрило Дедеиќ, Драгиња Вуксановиќ и Мило Ѓукановиќ.

Претседателот на Црна Гора има мандат од 5 години.

Мило Ѓукановиќ досега во шест мандати беше премиер и во еден мандат претседател на Црна Гора.

Translate »