Комбе удри 7 годишно дете

Комбе марка „Форд транзит“ вчера околу 16,30 часот удрило седумгодишно дете-пешак во скопското село Морани.

Детето со друго возило било пренесено во Поликлиниката Драчево, а од таму со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана е на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Translate »