Дебарлиева со кучето Бен, на скијање во Маврово

Билјана Дебарлиева една од најпознатите и најубавите ТВ водителки викендите ги поминува во Маврово со нејзиниот сопруг, синот и новиот член на семејството кучето Бен. Таа секој ден во емисијата ,,Визита,, на Канал 5 неуморно целиот период додека траеше пандемијата информираше, дебатираше и отвораше теми за сите проблеми поврзани со опасниот вирус кој ни го промени начинот на живеење.

,,Уживам во Маврово во убавата природа, тука имаме викендичка па често доаѓаме на скијање. Овој пат со нас е и нашиот миленик лабрадорот Бен. Со нас е веќе два месеци ,па и за него ова е нешто ново, се радува на снегот како дете,, вели Дебарлиева за ,,Радар,,и додава ,,Секако и мене ми требаше малку да се релаксирам, надвор од урбаната рутина,,

Translate »