Роберт Бекировски: Меѓу фалсификуваните лекови откриен е и лек за деца

Роберт Бекироски е новиот директор на Агенцијата за лекови МАЛМЕД, кој на оваа позиција дојде во август годинава. Тој по професија е магистер на фармација, а на ова место доаѓа од фармацевтската фела пишува Фокус.

Бекироски во ексклузивно интервју за „Фокус“ тврди дека 95 отсто од лековите преку паралелен увоз доаѓаат од Турција. Според него, потенцијален проблем е паралелниот увоз како процес во кој лековите се земаат директно од веледрогериите без увид и одобрување од самите производители, еден ист лек при еден увоз се носи во неколку различни серии, односно се собира од различни веледрогерии, додека да стигне на македонскиот пазар.

Тој објаснува дека при инспекциски надзор на лекови од паралелен увоз идентификувани се 28 сомнителни оригинални пакувања од еден лек од иста производствена серија. Исто така, откриен е уште еден фалсификуван лек за деца!

One thought on “Роберт Бекировски: Меѓу фалсификуваните лекови откриен е и лек за деца

  • 02/12/2017 at 8:35 pm
    Permalink

    Bez komentar

Comments are closed.

Translate »