Ја убил незадоволен пациент. Бразилската‘‘докторка“ вградувала импланти.

Полицијата се сомнева дека Бразилката Марсилен Соарес Гама (49), која лажно се преставувала како пластичен хирург, најверојатно била убиена од незадоволен клиент.

Убиената илегално вградувала индустриски силикони за зголемување на задник  поради што неколку пати  била апсена, но постојано била пуштана на слобода и продолжувала со праксата.


Лажната докторка била киднапирана од нејзиниот стан, убиецот ја врзал и ѝ пукал во лице. Марсилен  Гама често добивала закани од незадоволни пациенти, кои се жалеле дека таа ги упропастила нивните тела. Семејството на  жртвата тврди дека не е вистина дека Гама се преставувала како докторка. “ Никогаш не зборувала дека  е  пластичен хирург. Клиентите беа свесни за ризикот, но сепак одеа кај неа. “,  посведочија нејзините најблиски.

Марсилен Соарес Гама зад себе остави две деца, на возраст од 26 и 31 година, а наскоро требаше да стане и баба.

Translate »