Бакнежот на Мерил Стрип и Роберт де Ниро главна вест во светските медиуми
Во САД , во Њујорк вчера се одржаа „Review Awards“ наградите, но она за што денеска е вест во светските медиуми е сочниот бакнеж на Мерил Стрип и Роберт де Ниро.
Мерил ја освои наградата за најдобра актерка за остварувањето „The Post“ , а Роберт ѝ ја врачи, со сочен бакнеж.
Тоа беше доволен повод да се заборават „Златните глобуси“ и случувањата врзани за таа манифестација и ова да стане вест на денот.
Двајцата актери се долгогодишни пријатели. Нивната професионална соработка започнува во 1978 година, со остварувањето „Deer Hunter“, а оттогаш трае и пријателството.
Оваа нивна средба беше исполнета со многу емоции, па не можеа да ги сокријат ниту солзите.
Инаку, Мерил и овој пат остана доследна на темните комбинации. За пригодата одбра тегет сатенски фустан во комбинација со светкава тантелна наметка и црни чизми до колена.