Ресторанот ,,Маракана” нуди специјална забава за Стара- Нова година

Дочекот на Новата година по Јулијанскиот календар кај нас, а и во некои соседни земји е традиција . Познат е како Стара -Нова година, а пракса е да се празнува во кафeaна на 13 јануари. Еден поинаков дочек на Стара- Нова година, нуди ресторанот Маракана. Посетителите ќе уживаат во неверојатната  џез- забава со Џон. И. Апелгрeн.

 

Забавата почнува од 8 и 30 часот во сабота со исклучителна понуда на гурманска храна, бели лигњи, со пикантен зеленчук, гамбери во крема од авокадо, бејби телешко со пире од тиква и аспарагус . И специјална туна конфит со капари и калинка, сето ова залиено со најкавалитетните  вина од Тиквеш. Цената е 1600 денари по лице.

резервирајте на тел 071 398 398

Translate »