Нова терапија-Добра вест за заболените од мултиплекс склероза!
Австралиските научници тестирале терапија за пациенти со прогресивни форми на мултиплекс склерозата. Се покажало дека терапијата е многу ветувачка.
Институтот QIMR Berghofer во Бризбејн ја тестираше терапијата на 6 пациенти . Резултатите покажаа дека таа е безбедна за употреба.
Утврдено е дека терапијата значително ги ублажува симптомите кај пациентите.
Новиот пристап е базиран на т.н. адоптивна имунотерапија која се темели на манипулација на Т-клетките на имунолошкиот систем на пациентите. Вака модифицираните Т-клетки се поефикасни во борбата против Б-клетките на имунолошкиот систем, кои се познати по нивната улога во развојот на воспалителните процеси кај пациенти со мултиплекс склероза.
Мултиплекс склерозата е една од најчестите невролошки болести кои предизвикуваат постепен и конечен инвалидитет,а ги напаѓа пред се младите луѓе. Во повеќето случаи болеста се открива помеѓу 25 и 31 година, а двојно е почеста кај жените отколку кај мажите. Најчести симптоми се замор со заматен вид, слабост на рацете и нозете, чувство на морници и нарушување на рамнотежата.