Вистинскиот подарок за еден шизик или шизика!
Колку повеќе се наближува празникот на вљубените 14 февруари толку поголема станува „маката“ што да им се подари на блиските. Некои едноставно имаат природен талент за осмислување на совршени подароци, додека други, иако имаат добри намери тотално ја промашуваат работата.
Можеби тајната лежи во тоа дека подароците се најубави кога се персонализирани. Односно, тргнете од себе. Најздодевно е кога ќе добиете шише вино, парфем или книга! Таквите подароци не оставаат без конкретни спомени.
При изборот на подарок секогаш размислувајте за тоа што блискиот сака, за тоа каков е неговиот стил, а не што вие сакате или што вам ви се допаѓа.
А доколку тој или таа на кого сакате нешто да подарите е шизик или шизика, тогаш брзо во продавницата на домашниот streetwear бренд „Шизик на ризик“ (Sheezick na reezick) која се наоѓа во центарот на Скопје на ул. Васил Главинов 10, во близина на „Кастом паб“ и Шпанската абмасада.
Дуксери, плетени капи, snapback капи, долен веш hot&red, маици со креативни дизајн решенија, блузони со кратки ракави, детски маици …..со референците на НАСА, Бушава азбука, амбалажата на цигарите „Филтер“ и Камени Мост…и многу повеќе!