Војводката Меган Маркл блесна на роденденот на принцот Чарлс
Меган Маркл со дамски изглед блесна на забава во градината на Бекингемската палата.Новата членка на британското кралско семејство носеше фустан од брендот Goat и елегантен шешир додека го придружуваше принцот Хари.
Кралската свеченост, на која ќе присуствуваат околу 6.000 лица од организации со кои соработувал принцот Чарлс, е по повод неговиот 70. роденден.
Славеникот Чарлс се појави заедно со својата сопруга Камила.