Овој хирург цела Кина го слави како херој: 9 часа оперирал седум пациенти без пауза, па изморен заспал на подот на операционата сала

Хирургот Даи Ју станал херој на нацијата откако неговиот колега го фотографирал како исцрпен спие на подот на операционата сала откако извел седум операции за девет часа без пауза и го објавил тој подвиг на социјалните мрежи.

Доктор Даи е заменик директор на ортопедија во Центрaлната болница Лонганг во Шенжен, на југот на Кина. 

На новинарите им раскажал дека тој и неговите колеги во понеделникот, кога била направена фотографијата, имале 10 закажани операции. Почнале во 8 наутро и без пауза оперирале до 17 часот, а потоа анестезиолозите морале да донесат нови боци, па седнал на подот малку да се одмори – и заспал. Тогаш го фотографирал еден колега.

Скромниот хирург вели дека не е херој и дека должноста му е на своите пациенти да им обезбеди најбрзо и најдобро лечење. Кога се разбудил по 15-тина минути, продолжил да оперира до 21 часот.

Кинеската социјална мрежа Weibo експлодирала од воодушевување.

“Честитки. Ви благодарам за напорите”, пишува еден корисник.

“Кинеските лекари се навистина најдобри! Одлично!”, додава друг.

“Трогнат сум. Сакам да му се заблагодарам на тој доктор што му служи на народот”, рекол еден расплакан пациент за телевизија “Longang”.

Translate »