(Фото/Видео) Eye Cue со модерна верзија на „Молитва“ од Виолета Томовска
На релација Лондон-Скопје, но константни во намерата да се редовно активни и присутни на домашен терен.
Ај Кју се решија за смел чекор – ја препеаја антологиската песна „Молитва“ напишана од браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски, а првично испеана од Виолета Томовска.
Во оваа нова верзија во модерен бит, Бојан и Марија од Eye Cue успеаја да ја реализираат својата замисла заедно со Роберт Билбилов, кој е одговорен за аранжманот.
„Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на Молитва, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“, велат Бојан и Марија.