Млекара Здравје – идеален спој на најсовремена технологија со традиционални формули на производство
Добрите познавачи на состојбите во млечната индустрија знаат дека за да се има добар финален млечен производ потребно е квалитетно млеко како суровина добиено од најдобрите домашни фарми, да се произведува со најсовремена технологија , а целиот процес да биде надгледуван од искусен тим на технолози, кои ги почитуваат според современите светски стандарди.
Кога го имате сето тоа, а дополнително успевате да ги задржите традиционалните формули на производство, тогаш дефинитивно создавате квалитетни и автентични млечни производи, кои се 100% македонски. Токму таква е приказната за домашната млеко преработувачка индустрија Млекара Здравје, која се посериозно се наметнува во регионот како лидер, технолошки иноватор, современа компанија, која од локална млекара од пред 15-20 години, денес е синоним за квалитет, и здрави и безбедни производи.
Нашата редакција имаше можност детално да се запознае со целокупниот процес на производство, да се увери во 100% ладен систем на транспорт, во автоматизираниот процес на производство со најмодерна опрема, на лице место да види како се спроведува строгата лабораториска контрола, ЕУ стандардите, да постави други прашања на кои експертите од Млекара Здравје имаа сеопфатни одговори.
Во млекарата не пречека и Радмила Чобанова Василева, технолог, еден од најискусните експерти во млекопреработувачкиот сектор, која не информираше дека “Млекара Здравје постојано ги следи светските технолошки трендови, инвестира во имплементација на современи стандарди на производство и контрола, со цел да доставува здрави и квалитетни производи. Изминатите неколку месеци нашиот тим интензивно работеше на имплементација на IFS и BRC, интернационално препознатливи стандарди кои фокусот го ставаат на процесот на производство на безбеден производ. Овие стандарди даваат насока за стандардизација на процесите и елиминирање на евентуалните можни неусогласености. Системот е така поставен да може на лесен и едноставен начин да ги идентификува местата каде што би можела да се појави некаква неусогласеност во производството. На основа на тоа, ние преземаме корективни мерки преку кои се следи и унапредува ефикасноста на целокупниот производствен процес. Со имплементацијата на овие престижни стандарди, на нашата компанија во значителна мера и се отвора пазарот и пристапот кон големите европски синџири на маркети. Со активностите кои во последниот период ги презема Млекара Здравје, сакаме уше еднаш да ја потврдиме нашата определба за производство на квалитетни и безбедни производи, меѓутоа и нашата интенција нашите производи да бидат пласирани пред меѓународните потрошувачи“. Потврда за квалитетот на производите на Млекара Здравје е добиеното прознание од Брисел од Меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi. Добиено е престижното признание Superior Taste Award една награда за мешаното сирење, две за јогурт со 2,8% млечни масти, две за мешан кашкавал од Млекара Здравје. “.
Последниве години компанијата ги следи светските трендови со цел храната да се доближи до лек, што беше причина да се развие нов концепт на функционален јогурт “Бенефит”. Производ со уникатна формула на три пробиотици, што го издвојува од останатите пробиотски јогурти, кој во себе содржи 109 живи, витални пробиотици кои со секојдневна консумција ја одржуваат рамнотежата на бактериите во дигестивниот тракт и се верни сојузници на добрите бактерии во борбата со лошите.
Нема семејство во Македонија кое не е лојален потрошувач на некој од производите на Млекара Здравје.
Традиционално потрошувачите особено ги сакаат Мешаното сирење и кашкавал од Млекара Здравје, кои се единствено произведени по карактеристична традиционална формула, и кои до ден денес имаат задржано богат и уникатен вкус, поради што се омилени производи на секоја прослава, јубилеј, на кои македонците особено посветуваат внимание, и сакаат да се покажат пред гостите.
Млекара Здравје е најголемиот откупувач на млеко во Македонија, фактор на стабилност во млечната индустрија, компанија чии потрошувачи се повеќе од половината жители на земјава. Компанија која создава 100% македонски производ, која извезува и која го одржува имиџот на компанија која создава квалитетни млечни производи.
Она што последно бевме информираме е дека набрзо производите на Млекара Здравје ќе се дистрибуираат и на конкурентниот американски пазар, каде веќе преку своите партнери се договорени првите контигенти.