Магичниот чувар на здравјето, ловоров лист!

Благодарение на бројните корисни состојки, ловоровиот лист го стимулира процесот на варење, додека исцеденото масло од свежите плодови се користи за лекување на осип, болни мускули, за поттикнување на подобра циркулација на крвта…

Магичниот чувар на здравјето, ловоровиот лист „Laurus nobilis“ како зачин и лек се користи многу одамна. Пријатниот мирис на листовите потекнува од етеричното масло кое содржи 50 проценти цинеол, а остатокот рамноправно го делат метилеуденол и терпинацетат. Благодарение на бројните корисни состојќи, ловоровиот лист го стимулира процесот на варење, додека исцеденото масло од свежите плодови се користи за лекување на осип, болки во мускулите, и за поттикнување на подобра циркулација на крвта. Позитивно влијае и на доброто расположение. Помага и во лекувањето на хистерија, грчеви во стомакот, проблеми со желудникот и настинки.

Исклучитено делотворно, ловоровото масло се користи за лекување на болки во ушите, за модринки, истегнувања, како и за лекување на различни тешки габични болести, како и при инфекција на ноктите. Маслото од ловор е едно од најмоќните препарати за зајакнување на организмот и превентива, бидејќи го чисти лимфниот систем. Нанесувањето на неколку капки врз отечените лимфни жлезди доведува до моментално подобрување. Се препорачува и како проверено средство за искашлување, но и за лекување на проширените вени.

Во лекувањето на дијабетесот и за отстранувањето на солта од зглобовите, ефикасно се покажа чајот од оваа билка. Ловорот се користи и против главоболка бидејќи содржи партенолиди, супстанци кои благотворно делуваат на мигрената. Благодарение на еугенолот, делува анти-воспалително и антиоксидативно. Токму поради таа причина, застапниците на народната медицина препорачуваат облога од ткаенина, претходно потопена во вода во која стоел ловоров лист. Ваквата облога помага при настинките, грип, кашлањето и бронхитисот. А плакнењето на косата со вода во која претходно стоел ловоровиот лист помага при проблемите со првут.

Translate »