Најдобрата комбинација на додатоци за зајакнување на имунитетот!

 Витамин Д

Витаминот Д го зајакнува телото и му помага да се бори против бактериите и вирусите, а може да ја намали и појавата на чести респираторни инфекции. Статусот на витамин Д првенствено зависи од изложувањето на сонце, па затоа варира во текот на годишните времиња. Витаминот Д контролира колку калциум ќе се апсорбира од храната, колку ќе се апсорбира или ослободува од коските. Стотици тековни медицински студии покажуваат дека оваа моќна супстанца има исклучително голем потенцијал како заштита од болести на цивилизацијата, како што се рак, срцев удар, дијабетес, депресија, деменција. Бидејќи витаминот Д не се наоѓа во многу намирници, може да имате корист од суплементите, особено во зимските месеци ако не поминувате многу време надвор од дома.

Витамин Ц

Витаминот Ц помага да се спречи оштетување на ткивото, ја штити крвта од слободните радикали и го враќа витаминот Е во активна форма. Покрај синтезата на колаген, витаминот Ц ја зајакнува здравата функција на имунолошкиот систем, кој игра важна улога во спречување на настинки и скратување на нивното времетраење, како и забрзување на закрепнувањето од рани и гребаници. Недостатокот на витамин Ц може да предизвика голем број здравствени проблеми, а најчестите симптоми вклучуваат губење на тежината, замор, воспалено крварење на непцата, рани на кои им треба долго време да зараснат и настинка по настинка. Препорачаната дневна доза е 90 mg за мажи, 75 mg за жени, а пушачите треба да земаат дополнителни 35 mg дневно.

Течен куркумин

Куркуминот, со сите истражувања до денес е најсилниот природен анти-инфламаторен елемент кој дури има поефикасно дејство од соодветните лекови. Покрај примарното анти-инфламаторно дејство тој има и силно анти-оксидативно дејство, анти-тумурогено, анти-улцеративно, хепато-протективно, хипо-гликемиски и анти-микробно, анти-вирално и анти-фунгално дејство. Важно е да се истакне дека Течниот Куркумин е одличен природен препарат кој има силно аналгетско и може да се користи долгорочно, без прекин, што е многу подобра варијанта наместо нестероидните анти-инфламатори како ибупрофен, парацетамол, диклофен-ак, ибупрофен или кортикостероидните препарати, чие дејство на долг рок во многу истражувања е покажано како штетно!

Цинк

Цинкот во организмот игра одбранбена улога во борбата против токсините и другите штетни материи кои ги внесуваме секојдневно. Исто така, игра клучна улога во производството на Т-клетки кои го бранат телото од вируси и канцерогени клетки. Накратко, недостатокот на цинк го загрозува имунитетот, што го прави телото поподложно на болести. Цинкот од црвеното месо се смета за исклучително корисен бидејќи дури и малите количини црвено месо во исхраната ја зголемуваат апсорпцијата на цинк од сите други диететски извори на цинк како мешунките и други зеленчуци како брокулата, карфиолот, кељот и зелката. Лекарите советуваат да се земаат дополнителни 15 до 30 mg цинк, особено во овие студени месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Translate »