Анксиозноста и стресот се новото нормално. Како да ги намалиме по природен пат?
Животот се промени! За повеќето луѓе е покомплексен и бара прилагодување. Се сменија и вредностите. Западниот начин на живот, индивидуализмот, затворањето во социјални меури се дел од нашето секојдневие. Стресот, анксиозноста, депресијата, агресивноста ни тропаат на врата. Што треба да правиме, како да ги надминеме предизвиците, кои се новите социјални трендови?
Анксиозноста е новото нормално и нема да исчезне. За разлика од нашите родители, баби и дедовци, кои живееле со други вредности, ние денес живееме многу различно. Дефинитивно помалку ќе се бараме, и помалку ќе откриваме што сакаме, кои ни се границите.
Грижата за менталното здравје е топ приоритет
Можеме да се преправаме дека менталните проблеми не постојат, но тие не погодуваат сите и мораме да наоѓаме начини за нивно надминување. За зголемување на самодовербата, да најдеме “вентили” со кои ќе го регулираме стресот и ефикaсно ќе се справиме со анксиозноста. Олеснување е и фактот што денес можеме да се потпреме на природни препарати како CALM од Натура Терапи кој овозможува диететско регулирање на состојби на анксиозност, стрес и нарушувања на расположението. Производот е 100% природен, безбеден за продолжена употреба, без несакани ефекти, а не создава ни зависност.
Шетање во природа, садење растенија
Изложеноста на зеленило како и шетањето во природата како начин за зголемување на имунитетот и општото ментално здравје, е повеќе од потребно. Се повеќе луѓе се свртуваат кон природата, читањето, музиката и се она што им го намалува стресот. Хортикултурата и садењето растенија се активност која не ослободува од стресот и ја намалува негативната енергија. Садете повеќе, движете се во природа, не постои поубав начин за релаксација.
Хибридниот модел на работа е потреба
Работата од дома, хибридниот модел на работа се веќе дел од новата корпоративна култура. И оние работодавачи кои даваат отпор треба да го прифатат како реалност и потреба.
Новите технологии да ги искористиме за добро
Новите технологии го детерминираат начинот на кој комуницираме. Зборуваме за виртуелната реалност, криптовалути, вештачка интелигенција. Треба да се фокусираме на позитивните страни кои ги носи технологијата, и за нејзино искористување за добри цели. За едукација и личен развој, за подобрување на квалитетот на животот, за подобро поврзување со сите оние кои ни значат, за нови бизнис можности, едноставно за добри работи!