Еклери-никогаш поубави!
Тесто:
– 250 мл вода
– 125 гр маргарин
– 150 гр брашно ( најдобро е Тип 500 )
– 4 јајца
– 1 лажичка шекер
– малку сол
Крема:
– 4 жолчки
– 200 гр шекер
– 6 лажици брашно
– 2 лажици густин
– 700 мл млеко
– 50 гр маргарин
– 2 кесички ванилин шекер
– 150 мл хопла
– 100 гр шекер
Глазура:
– 100 гр чоколадо за готвење
– 50 гр шекер
Прво се прави тестото:
Се ставаат водата и маргаринот во едно тенџере да зовријат. Се додава шекер и сол. Кога маргаринот ке се стопи и смесата ке почне да врие, се додава целата количина на брашно одеднаш, се трга од шпорет и убаво се меша додека брашното не ја впие целата течност. Се остава да се лади малку и повремено се меша.
Потоа во тестото се додаваат јајцата, едно по едно. Секое јајце треба убаво да се измати пред да се додаде следното.
Смесата треба да биде густа и мазна
Додека го матите тестото, загрејте ја рерната, еклерите се печат на висока температура. Најпрактична за печење на еклерите е хартијата за печење, ама во недостаток на хартија, може плехот да се намачка со зејтин.
Се зема со лажичка од тестото и се прават “купчиња” со големина на орев, не треба да бидат многу залепени, додека се печат треба повеке од дупло да нараснат. Значи: од вакви … <– треба да станат вакви –>
Се печат на 220° С 20-30 мин, зависи од рерната, или додека не добијат златно кафеава боја и за тоа време рерната не смее да се отвори. Треба убаво да се испечат и кога ке бидат готови да изгледаат вака ——>
Готовите еклери се оставаат да се ладат и ладни се пресекуваат на половина.
Крема:
2/3 од млекото се ставаат во поголемо тенџере, не на многу јака рингла и се додаваат 2 пакетчиња ванилин шекер. Додека млекото се грее, се матат 4 жолчки со 200 гр шекер. На таа смеса се додаваат 6 лажици брашно и 2 лажици густин. По желба може да се стави и една кесичка пудинг од ванила. На тоа се додава преостанатото млеко, да се добие една густа, но течна смеса, која се истура во топлото млеко. Кремата ке почне да се згуснува и треба постојано да се меша.. Треба да стане многу погуста од пудинг.
Ако кремата загори, а многу често се случува тоа, веднаш треба да се пресипа во друго тенџере, за да нема мирис на загорено.
Ако кремата не е доволно густа, измешајте една лажица брашно во малку млеко и додајте ја во кремата..
Кога кремата ке почне да врие, се остава да се олади.
Во оладената крема се става 50 гр маргарин и убаво се мати, а потоа се додава 150 гр хопла добро изматена со 100 гр шекер. Се меша рачно додека не се добие фина, хомогена крема.
Во секој еклер се става по една лажица од кремата и се поклопува.
Глазурата се прави со топење на чоколадото за готвење со шекерот и 2-3 лажици вода.
Кога еклерите се филувани, секој се прелива со малку од стопеното чоколадо и се оставаат да се излади глазурата.
Вака изгледа кога ке се направи 1 1/2 доза еклери.
Еклерите можат да се испечат и еден ден порано и да се остават на суво место додека не дојде време за филување.