СПАНАЌОТ Е ТОЛКУ ДОБАР ШТО ДУРИ СЕ РАЗМИСЛУВА ДА СЕ ЗАБРАНИ КАКО ДОПИНГ

Спанаќот е здрав и треба да се изеде до крај – колку пати сте го слушнале тоа како дете, мешајќи по чинијата, обидувајќи се да ја избегнете зелената маса која не изгледаше многу привлечна, а ни горчливиот вкус не ви беше баш по желба…

Е, тогаш да ги имавте информациите што ги претставуваме, можеби ќе го променевте мислењето. Имено, научниците од Универзитетот во Берлин и Светската антидопинг агенција (WADA) објавија дека хемикалијата хидроксиексизон или екдистерон, кој се наоѓа во зеленчукот, ја зголемува моќта на спортистите и дека треба да биде забранет како допинг.

Според студијата, спортистите на тренинг кои 10 недели примале хидроксиекдисон преку додатоци на храна биле три пати посилни од оние кои тренирале со плацебо.

„Очекувавме да ја видиме разликата, но не очекувавме дека ќе биде толку голема“, изјави берлинската професорка Мариа Пар.

Екдистерон или хидроксиекдисон е стероиден хормон кој е сличен на човечките андрогени како тестостерон.

Се смета за адаптоген со оглед на способноста за одржување на телесната рамнотежа и намалување на клеточниот стрес. За спортистите е интересен затоа што го зголемува задржувањето на азотот и синтезата на протеините. Ја зголемува силата и издржливоста.

Научниците досега спроведоа повеќе од 50 студии за екдистерон и заклучија дека: ја зголемува синтезата на протеини, ја зголемува вкупната содржина на протеини и гликоген во мускулите, ја потиснува хипогликемијата, а силно го стабилизира нивото на шеќер во крвта, како гликемискиот регулатор резултира со постојано чувство на висока енергија, потикнува вклучување на гликогенот во црниот дроб и мускулите, спречува висок шеќер во крвта и високо ниво на инсулин, има силни антиинфламаторни својства, го намалува високиот степен на кортизол, ги зголемува спортските перформанси со зголемување на работната способност и капацитетот на белите дробови, го намалува заморот и апатијата, но во исто време ја зголемува брзината и моќта.

Научниците ја советувале WADA да го додаде хидроксиексесон на списокот на забранети супстанци.

Студијата е започната откако се појавија индикации за употреба на хидроксиексизон во руските спортови и тврдења дека супстанцијата ја зголемува мускулната маса и го забрзува закрепнувањето по напорниот тренинг./Denar

Translate »