Девојче на 11 години стана НАЈПАМЕТНО во светот – Ги помина и Ајнштајн и Хокинг (ВИДЕО)
Млада Иранка со својот резултат на тестот за интелигенција на Менса ги помина и Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Тара Шариф, 11 годишна Иранка која со фамилијата живее во Велика Британија, официјално станала најпаметното девојче во светот. Таа како ученичка во британската школа Елсбери го полагала познатиот Менса тест на кој добила импресивни 162 бода.
Тој резултат ја поставил високо над границата за генијалност која се наоѓа на 140 бодови. Покрај тоа, тој резултат ја прави попаметна од Алберт Ајнштајн, кој иако никогаш не го полагал тестот, според проценките имал коефициент на интелигенција од 160, исто како и Стивен Хокинг.
Резултатот на Тара бил големо изненадување за сите, а особено за девојчето кое рекло „Бев шокирана кога ми кажаа“.
Нејзините родители одлучиле Тара да оди на полагање на тестот во Оксфорд бидејќи веќе гледале знаци на нејзината висока интелигенција.
Резултатите на нејзиниот тест зависеле од нејзините способности да разбере одредени зборови и да одговори во зададениот рок.
„Знаев дека е паметна, бидејќи на различни квизови одговараше на прашањата, посебно математичките, пред самите учесници. Сепак, не се надевав дека има толку висок коефициент на интелигенција“, рекол гордиот татко Хосеин Шарифи.
„Кога ќе бидам постара, би сакала да се занимавам со нешто поврзано со математика и наука“, изјавила Тара, за Бакс Хералд.