За тоа каков ќе ви биде денот, многу големо значење има начинот на кој ќе го започнете!

Често се вели, доколку во еден ресторан или пекара има метеж, има причина зашто тоа е така. Производите кои се нудат се тазе испечени, квалитетни и вкусни. Тоа значи дека фурната е нон- стоп вклучена, и постојано излегуваат нови пецива, кроасани или лебови.  А кога на исто место луѓето повторно се враќаат, тоа пак е потврда за константен квалитет, доверба и вистинска повратна вредност која се добива за дадените пари.

Ќе се согласите, ваквите места се ретки и се вистинско богатство!

Среќата доаѓа преку стомакот! Ова посебно важи за луѓето од овие простори. Ништо поубаво од еден крцкав кроасан со кашкавал или путер, или од вкусен домашен природен леб, подготвени по софистицирани француски рецептури со германска технологија.

Повеќето луѓе, веќе препознаваат дека станува збор за пекара Бакал која се наоѓа во ГТЦ Скопје на приземје, спроти Жена парк.

Тука ќе најдете огромен избор на пецива, како на пример леб без адитиви, кој е долго време свеж, поради природниот процес на подготовка на тестото, односно долгата ферментација, и поради тоа што не се користи премногу квасец. Багетите не само што се вкусни туку изобилуваат и со висока нутритивнавредност, благодарение на природните состојки создадени со патентирана технологија на производство. На мени секој ден има и свежа пилешка и телешка супа, а благите специјалитети се нешто посебно. Чиз кејк, тартови, торта со морков……

За тоа каков ќе ви биде денот, многу големо значење има начинот на кој ќе го започнете! Појадокот, како најважен оброк во денот мора да биде внимателно одбран, а токму во пекара „Бакал“ ќе најдете нешто по ваш вкус..

Атмосферата е пријатна, и внатре и надвор, целиот простор е избалансиран, хармоничен.

Translate »