Која е храната што донесе РЕВОЛУЦИЈА во начинот на исхрана?

Како го започнувате вашето утро? Дали и вие како и речиси половина од светската популација уживате во чинија житни култури  за прекрасен почеток на секој ден!? Ако е така, денес е ваш празник. Денот за житарките има за цел да ја прослави оваа наша омилена храна за појадок, но и да не подучи малку за нејзината историја. Тие не биле отсекогаш оваа слатка креација што ја наоѓаме во супермаркетите во сите форми, големини и вкусови…

Житарките, започнале да се користат како храна во почетокот на 1800-тите, но иако се знаело дека се здрави, тешко биле за џвакање и варење. Во тој период, исхраната во најголем дел се состоела од месо, и тоа претежно говедско и свинско. Последиците од ваквиот тип на исхрана биле забележиви, преголем внес на масти и канцерогени супстации кои предизвикувале здравствени проблеми поврзани со кардиоваскуларниот систем, бубрезите, црниот дроб.

Академиците чувствувале дека е потребна нутритивна транзиција на  општеството и навиките на исхрана,  што воедно донело и духовно и социјално издигнување.

Тука дошло до револуционерно откритие, каде сировите жита почнале да се преработуваат во снегулки и различни форми, а луѓето веднаш почнале да ги забележуваат позитивните промени врз здравјето: подобрена дигестија, регулиран холестерол и крвен притисок, намален морбидитет и енергичен старт на денот.

Кој е виновникот?

Д-р Џејмс Калеб ги креирал сировите трици „Гранула“ за да им помогне на пациентите во неговата болница. Тој сакал да создаде место каде луѓето физички и духовно ќе закрепнат од болест или повреда, па затоа развил програма со здрава исхрана и ресторативни СПА третмани.

Д-р Џон Келог бил исто така поборник и иноватор во здравата исхрана. Тој со помош на своите браќа ја формулирал гранолата за своите пациенти, но и многу други оброци за појадок кои не вклучуваат месо.

Тие биле движечка сила за раѓање на „Житарици за појадок“ а според нивниот метод на преработка се родил нашиот омилен мусли оброк!

Како е кај нас?

Во Македонија, Виталиа – домашна компанија, веќе 25 години ни ги носи житните култури во различни форми, комбинации и со мнозинство функционалности – Мусли без додаден шеќер, безглутенски мусли, посни мусли и високопротеински мусли,  целозрнести житарици од пченица, јачмен, овес…

Бидете сигурни дека тие ќе го задоволат Вашиот вкус и желба за здрав оброк!

Translate »