Го мразам, но неговите пари ми требаат!

Нема брачна двојка која не поминала низ убави, но и низ тешки моменти.  Независно каква е причината за нивните  проблеми, најважно е дали тие можат да  продолжат заедно.  А уште поважно е дали има смисла таа врска да продолжи. Денес ќе ви споделиме историја на една жена, која е омажена веќе 8 години и има две деца. Иако љубовта меѓу неа и нејзиниот сопруг некогаш била силна, таа  сега  не сака  ниту да го погледне , но не сака ни да го напушти затоа што  и треба.

Таа не сака ни љубов ни почит од него, туку  единствено неговата финансиска поддршка. Иако имаат две деца,таа одамна престанала да го сака, а од неговиот допир и се гади.

Таа раскажува : „Не сакам да спијам со маж ми,  веќе не сум вљубена во него, не го сакам и тоа е !  Кога имаме  секс не сакам  ни лицето да му го гледам , секој  пат си замислувам дека е некој дуг. Ги користам сите можни оправданија за да не бидеме интимни. Се сексаме само еднаш месечно, а јас  избегнувам да го погледнам или да седнам до него. Љубовта меѓу нас умре, без конкретна причина. Веднаш би се развела, но за жал , ситуацијата ми е тешка. Во моментов не работам, а знам дека маж ми нема да плаќа издршка за мене и децата, ако се разделиме. Се чувствувам ужасно, не знам што да правам. Меѓу нас веќе нема емоција  и не сакам да имам физички контакт со него. Мислам дека тој не разбира ништо и си мисли дека имаме добар брак. Тој еднаш ми има кажано дека нема  да ми даде ни денар ако се разведеме. Без мене си, никој и ништо, ми кажа тогаш…

 

Translate »