(ВИДЕО) Груевски бега од камерите пред ресторан во Будимпешта
Безгрижен бегалски живот живее екс македонскиот премиер Никола Груевски, пишува унгарскиот медиум 24.hu. кој меѓудругото објави и видео во кое што се забележува како Груевски бега од новинарот и брзо влегува во огромен црн џип во кој го чека шофер.
„Во средата, Груевски е снимен на ручек во еден од најскапите ресторани во Будимпешта. Поранешниот македонски премиер беше на ручек со двајца мажи, потоа ги остави, и набрзина влезе во автомобилот Volkswagen Sharan и си замина со својот возач“, пишува медиумот додавајќи дека Груевски избегал од прашањата на новинарот.
Фото-Видео: 24.hu