Еко трикови од магионичарот Кристиан Шопов

Поради ситуацијата со која се соочуваме не само ние, туку и целиот свет, традиционалниот Еко Маскенбал во организација на Пакомак, Шпаркасе банка и Рамсторе оваа година не се одржи. Сепак, тоа не е причина да не се забавувате и да го искористите слободното време за да научиме нешто ново.

Иако магионичарот Кристиан Шопов и неговото зајче Грицко седат безбедно во својот дом, тие и понатаму работат на своите вештини и истите сакаат да ги споделат со вас. Во видеото подолу тие ќе ви покажат како да направите еден еко-магионичарски трик со кој можете да се пофалите пред другарите, а се’ што бараат од вас е да не ја кажувате тајната зад магијата. Мислите дека можете да го направите тоа?

Видео: https://www.facebook.com/Pakomak.mk/videos/1266867276838105/

Пакомак Еко Трикови

Овој први април се маскираме дома, а зошто и да не научиме еден, интересен магионичарски трик?Не заборавајте, во коментарите под ова видео да ја споделите со нас, вашата омилена првоаприлска шега.

Posted by Пакомак on Wednesday, April 1, 2020
Translate »