Државата ги повика компаниите да исплатат К15

Министерството за труд и социјална политики денеска ги повика компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на  К-15 до крајот на годината.

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) е право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, потсетуваат од оваа институција. 

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. 

Работниците неисплатата на К-15 може да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.

„Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон“, соопштија од МТСП.

Translate »