ВИДЕО: Пајдушко оро среде Вашингтон – НБА публиката уживаше во традиционалната македонска музика

Пред четири дена, за време на мечот помеѓу Вашнгтон и Кливленд, македонското традиоционално Пајдушко оро ги забавуваше присутните во „Capital One“ арената во главниот град на САД.

Турскиот ансамбл „Карделен” се погрижи да го изведе познатиот македонски танц во кое уживаа илјадниците присутни на трибините. На теренот се појави Чеди Осман, турскиот кошаркар кој е роден во Македонија и постигна четири поени во поразот на својата екипа.

Ова не е првпат македонска музика да ечи на терените во НБА лигата. Претходно, Тоше Проески и неговата „Чија си“ беа дел од најсилната кошаркарска лига во светот.

Хор од Јордан ја испеа „Македонско девојче“

Translate »