Денес продолжува судењето за случајот ,,Монструм,
Денеска продолжува судењето за случајот ,,Монструм,,во кој се обвинети 6 лица за петкратното убиство кај Смилковското езеро.
МГС На последното рочиште за случајот,, Монструм,, произлезе дека ДНК анализите од возилото „опел омега“ се идентични со профилот на Алил Демири кој е еден од обвиниетите во случајот Монструм, а сега се наоѓа во бегство. ДНК анализата открила траги од Демири на потпирачите за глава на седиштата. Роднината на двајца од обвинетите, тврдеше дека се сомнева дека оваа биолошка трага била земена од друго место и потоа намерно ставена во автомобилот. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара од судот да соопшти до каде е екстрадицијата од Косово на обвинетите Алил Демири и Африм Исмајловиќ. Од Приштина сè уште нема одговор. Кај Смилковското езеро во 2012 година беа застрелани пет лица.
За овој случај со доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмајловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Лута. Во декември минатата година, откако судскиот процес беше вратен од почеток, обвинетите беа пуштени да се бранат од слобода.