Циклонот Бруно донесе поплави, повторно се очекуваат поројни дождови

Силниот циклон Бруно кој ја зафати државава уште во текот на вчерашниот неделен ден веќе во текот на денешното понеделничко претпладне условува локални поплави, стои во анализата на Славчо Поповски.

Најпогоден е Кавадаречкиот регион каде има поплавени куќи и подруми а интензивните врнежи ќе продолжат и до самиот крај на денов со што во најголем дел од државава врнежите ќе се интензивираат и ќе бидат поројни проследени со грми и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време (над 30 л/м2), силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Најинтензивни врнежите ќе бидат во јужната половина од државава каде ќе има услови за локални поплавувања и понатаму.

Поради интензивните врнежи можни се и покачувања на нивоата на реките и езерата во државава па така на возачите ги советуваме доколку се движат покрај речните водотеци да бидат претпазливи.

Translate »