Мистериозна смрт во најсиромашната земја во Африка: Не можат да потврдат дали се работи за корона, а што ако не е?

Здравствените експерти во Нигерија биле загрижени поради зголемениот број на смртни случаи од дијабетес, хипертензија или маларија, но сега веруваат дека коронавирусот би можел да биде вистинскиот убиец.

Големиот раст на бројот на воглавно мистериозни смртни случаи во северна Нигерија предизвикува страв од големо ширење на Ковид-19, во еден од најсиромашните региони на светот.

Во изминатиот месец, Кано – најнаселениот град на север со речиси 10 милиони луѓе, забележал стотина смртни слуачи, особено меѓу постарите.

Државата Кано во вторникот официјално регистрирала 666 инфекции и 32 смртни случаи од Ковид-19, второто најголемо жариште во Нигерија по главниот град Лагос, на југот на земјата.

Но, во овој претежно муслимански регион, роднините ги погребуваат мртвите само неколку часа после смртта, без можност за обдукција.

Властите затоа мора да вршат ‘вербална обдукција’, прашувајќи ги семејствата за симптомите пред да починат.

Ибраим Муса, лекар од реагинот, за локалните медиуми рекол: „Кога Кано ќе кивне, цел Север добива грип.“

„Не можеме да го негираме фактот дека Ковид-19 пустоши во Кина и регионот, но епидемиите кои и претходеа на оваа пандемија создаваат дополнителни компликации за управување со кризата“, додал тој.

Центри со мистериозни смртни случаи сега се множат во соседните држави, каде е испратен тим на епидемиолози после смртта на 110 луѓе.

Илјадници деца од улиците биле вратени назад во нивните села на почетокот на кризата, а тоа предизвикува страв дека тие би можеле да го шират коронавирусот низ сите соседни држави.

Забележано е дека повеќе од 4,37 милиони луѓе се инфицирани од коронавирусот ширум светот, а 295,923 починале.

Регистрирани се инфекции во повеќе од 210 земји и територии откако првите случаи беа откриени во Кина во 2019-та година.

Translate »