БУДВА ГО ПРЕТСТАВИ НОВОГОДИШНИОТ ПРОГРАМ ВО БЕЛГРАД

Лена Ковачевич, Невена Божович и Хари Варешанович

предизвикаа голем медиумски интерес

“Будва веќе две децении се препознава како регионален центар за новогодишни настани. Ве покануваме да го почувствувате магичниот дух на Будва оваа година и да уживате во различните жанрови на музичките програми што ги подготвивме за Вас, како и програмите за најмладиот и традиционалниот концерт на класична музика” – порача на прес-конференцијата неодамна одржана во хотелот “Москва“ во Белград, директорката на Туристичка организација на општина Будва, Маја Лијешевич.

Промоцијата на новогодишните програми на отворените градски плоштади во Будва, Бар, Тиват, Котор и Херцег Нови, како и зимските програми на црногорските скијачки центри, организирано е од страна на Националната туристичка организација на Црна Гора.

Познатите изведувачи кои ќе настапат во овие градови го привлекоа вниманието на многу претставници на медиумите, а задоволството да се биде важен сегмент од новогодишната програма во Будва не го криеше ни Лена Ковачевич, Невена Божович и Хари Варашанович.

Поканата до граѓаните на Србија да дојдат во Црна Гора за време на празничните денови беше проследена и во познатите трговски центри: Big Fashion и Ada Mall.

По заедничката промоција во Белград, Туристичката организација на општина Будва ќе организира пред-конференција во Сараево на 28 ноември,а уште едно дружење со новинарите и изведувачите во опуштена атмосфера на Белград е планирано за почетокот на декември.

Translate »